Русите погодија двокатна зграда, има шестмина загинати

Руските сили денеска го гранатираа градот Торецк во источна Украина, шест лица загинаа, соопштија украинските власти.

Фото: ЕПА

Во гранатирањето утринава во градот Торецк во регионот на Доњецк беше погодена двокатна зграда, а спасувачите беа на терен бараа преживеани и ги расчистуваа урнатините.

„Прозорите ми беа отворени. Околу 5 часот наутро одекна огромна експлозија. Остатоци од градежни материјали и прашина беа насекаде“, вели Надја жителка на нападнатиот град.

Службите за брза помош од урнатините извлекле пет тела, а шестото лице кое било тешко повредено во нападот починало во болница.

Според украинските власти во нападот биле оштетени станбена зграда, училиште, градинка и зграда на медицинскиот факултет.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе