Русите ослободија повеќе од 200 украински борци во замена за еден човек

Про-Кремљ ориентираниот украински опозициски политичар Виктор Медведчук, кој беше уапсен во април, е разменет со Русија како дел од размената на затвореници, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски рече дека 200 украински затвореници се вратиле дома во замена за Медведчук.

Фото: Твитер

„Првично ни беше понудено да вратиме 50 наши луѓе во замена за еден од оние во притворниот центар на Безбедносната служба на Украина. Разговаравме. Инсистиравме. Бројот од 50 се зголеми на 200“, рече Зеленски.

Васил Малиук, вршител на должноста шеф на украинската безбедносна служба, рече дека Медведчук „не само што е кум на дете на Путин, туку е и документиран од нас како предавник“.

„Покрај тоа, додека работевме на случајот Медведчук, неутрализиравме повеќе мрежи на агенти, приведивме повеќе предавници и добивме многу вредни информации што ги користиме за контраразузнавање и ќе нè доближат до нашата победа“, додаде Малиук.

Според Зеленски, во размената на затвореници биле вклучени пет украински команданти, како и 55 затвореници што ќе бидат испратени во Русија.

Не е јасно дали сите 55 затвореници се Руси или проруски настроени, но Зеленски ги опиша како луѓе „кои се бореле против Украина и оние кои ја предале Украина“.

Според Андриј Јермак, шеф на Кабинетот на претседателот на Украина, вкупно 215 воени заробеници се ослободени како дел од размената на заробеници меѓу Русија и Украина, меѓу кои и десет странски затвореници.

„Меѓу оние што денеска беа ослободени од заробеништво, има 108 борци од Азов и други формации“, рече Јермак. Тие борци од контроверзниот баталјон Азов, дел од Националната гарда на Украина, кои Русија претходно ги нарекуваше неонацисти.

Јермак, исто така, рече дека 10 странци се меѓу разменетите.

„Врз основа на барањата на нашите меѓународни партнери, вративме и 10 странски бранители на Украина. Тоа се претставници на земјите кои ни помагаат најмногу – САД, Велика Британија, Хрватска, Шведска и Мароко“, рече Јермак.

Шефот на Фондот за државна сопственост, Рустем Умеров, рече: „Тие се безбедни и ослободени од заробеништво. Во моментов сме во главниот град на Саудиска Арабија - Ријад. Понатамошниот безбеден трансфер е планиран од тука во нивните земји со нашите партнери“. додаде Јермак.

Координативниот штаб за третман на воени затвореници, владина институција под Одбранбено разузнавање, рече дека пет Британци и двајца Американци се меѓу десетте странски затвореници.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе