Русите објавија снимка од хеликоптер: „Уништивме украински команден пункт“ (ВИДЕО)

Руското министерство за одбрана објави снимки од јуришни хеликоптери Ми-35 за кои тврдат дека во Украина уништиле „команден пункт и оклопни возила“ на украинската војска.

EPA-EFE

На снимката се гледа хеликоптер кој лета со брзина поголема од 200 километри на час на висина од пет до седум метри, потоа нагло се крева и испукува ракети. Овој маневар се изведува за гаѓање цели на голема оддалеченост со ненаведувани проектили, пишува РИА Новости.

„Работеле во пар, метата, според извештаите на пешадијата, е уништена, задачата е постигната“, кажа командантот на екипажот.

Командантот кажа и дека за време на мисијата хеликоптерот бил нападнат, но дека одбранбениот систем ги пренасочил проектилите и дека никој не е повреден.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе