Русите објавија детали за својата вакцина

Руската вакцина за коронавирусот Спутник V на меѓународниот пазар ќе чини помалку од 20 долари по лице и ќе биде бесплатна за руските државјани, соопштено е на официјалниот профил на рускиот лек на Твитер.

EPA-EFE

Вакцината ќе се прима во два наврати, а секоја доза ќе чини помалку од 10 долари, соопштено е на социјалната мрежа.

Објавата доаѓа во време кога Русија се труди да го забрза производството и дистрибуцијата на својот лек.

Кирил Дмитриев, шефот на рускиот суверен фонд РДИФ, кажа дека Москва и нејзините странски партнери можат следната година да произведат повеќе од милијарда дози од вакцината, што е доволно за 500 милиони луѓе.

Објавената цена е пониска од вакцината на Бајонтек и Фајзер, која чини 15,5 евра по вакцинација, но поскапа од таа на Оксфорд и Астра Зенека, која ќе чини околу 2,5 евра по доза.

Дмитриев за Ројтерс кажа дека Москва намерно ја спуштила цената за вакцината да им биде достапна на што поголем број луѓе низ светот.

Тој додаде дека новите клинички податоци, засновани на 39 потврдени случаи и 18.794 пациенти, покажуваат дека Спутник V, вакцината што ќе се прима во две дози, на 28-от ден била 91,4 отсто, а на 42-от ден 95 отсто ефикасна.

Руското министерство за здравство ја регистрираше вакцината во почетокот на август, а руските медиуми пренесуваат дека има нарачки од над 20 земји за купување. Производството е договорено во пет земји.

Дел од западните научници ја критикуваа Москва бидејќи во тестирањето на вакцината наводно спуштила некои стандарди за таа да биде спремна побрзо. Русија го отфрли тоа и ги обвини западните земји за валкана кампања за да ги одвратат луѓето од она што го нарекоа новосоздадена борба на пазарот на лекови.

Потпретседателката на руската влада Татјана Голикова денес предупреди дека ситуацијата со коронавирусот во Русија станала покомплицирана со доаѓањето на есента и зимата.

Русија во изминатите 24 часа има 491 смртен случај поврзан со коронавирусот, со што вкупниот број порасна на 37 илјади.

Властите објавија дека денес има 24.326 нови случаи на зараза, од кои шест илјади во престолнината Москва. Од почетокот на пандемијата во Русија се заразени 2.138.828 луѓе.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе