Русите на референдум одлучуваат дали Путин ќе остане на власт до 2036

Русите денес излегоа на гласачките места, на последниот ден на референдумот на кој се изјаснуваат за тоа дали претседателот Владимир Путин да остане на власт во следните 16 години.

EPA-EFE

Референдумот за уставните промени се одвива од 25 јуни до 1 јули за да се избегнат гужвите на гласачките места поради епидемијата на коронавирусот.

Со референдумот би се променил уставот што би му овозможило на 67-годишниот Путин уште двапати да се кандидира и потенцијално да остане на власт до 83 години.

Во понеделникот институтот Втсиом објави дека 76 отсто од анкетираните се изјасниле дека се за промените кои ги предложи Кремљ, а 23,6 отсто се против.

Путин вчера ѝ се обрати на нацијата, охрабрувајќи ги граѓаните да гласаат во корист на реформите.

„Гласаме за државата во која сакаме да живееме, со модерно образование и здравствен систем, за држава за чие добро работиме и сакаме да им ја оставиме на нашите деца и внуци“, порача Путин.

„Можеме само преку развојот да гарантираме стабилности, благосостојба и живот вреден за живеење. Нашата сувереност зависи од нашата одговорност, нашите искрени чувства на патриотизам и грижата за татковината“, додаде тој.

Путин го прогласи денешниот ден, последниот ден од гласањето, за државен празник за со тоа да ги охрабри гласачите да излезат да гласаат.

Референдумот, за кој се очекува да помине, треба да биде најголемиот пакет на измени на рускиот устав од донесувањето во 1993, по распадот на Советскиот Сојуз, и да даде привид на демократија, оценува британската агенција Ројтерс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе