Русите му го честитаа на Спејсекс успешното лансирање (ВИДЕО)

Руската вселенска агенција Роскосмос, која долго време беше единетствената способна да ги превезе космонаутите до Меѓународната вселенска станица (ИСС), ѝ го честиташе денес на американската компанија Спејсекс успешното лансирање на ракетата до ИСС.

EPA-EFE

Спејсекс, приватната компанија на мултимилијардерот Илон Маск, вчера од Флорида во Земјината орбита успешно ја лансираше ракетата Фалкон 9 со која за првпат по девет години два астронаути на НАСА полетаа во вселената од тлото на Соединетите Држави.

„Би сакал да им честитам на своите американски колеги“, изјави во видеоснимката објавена на Твитер космонаутот на Роскосмос Сергеј Крикалев, директорот на руската вселенска агенција за летови со екипаж.

Американските астронаути во последните девет години одеа во орбитата со руската ракета Сојуз откако во 2011 беа прекинати лансирањата на американските вселенски бродови.

НАСА затоа беше приморана да соработува со Роскосмос за да ги превезува своите астронаути на ИСС, но успешното вчерашно лансирање донесе пресврт.

„Успехот на оваа мисија ќе ни донесе нови можности кои ќе ѝ користат на целосната меѓународна програма“, се додава во честитката.

Во контекстот на растечките тензии меѓу Русија и САД во последните години, Меѓународната вселенска станица е редок пример на меѓународна соработка.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе