Русите масовно бегаат од мобилизација. Гуглаат како да скршат рака за да избегнат мобилизација (ФОТО+ВИДЕО)

Десетици илјади Руси бегаат од земјата за да ја избегнат мобилизацијата која ја нареди претседателот Владимир Путин.

Фото: Твитер

Според некои извештаи, Русија планира да мобилизира најмалку еден милион луѓе. Путин вчера инсистираше на тоа дека делумната воена мобилизација ќе влијае само на мал број мажи, додека рускиот министер за одбрана рече дека планот е да се регрутираат 300.000 лица.

Веднаш штом беше најавена ваквата регрутација, на граничните премини се формираа километарски редици. Мажите способни за борба бараат спас во странство - многу летови беа распродадени вчера, а луѓето масовно гуглаат како да скршат рака за да одбегнат да одат во војна.

Во меѓувреме, руските власти издадоа посебно предупредување со кое им се закануваат на потенцијалните регрути со правни санкции доколку се самоповредат за да избегнат повик во војска.

Водечката руска авиокомпанија Аерофлот објави дека сè уште не забранува патување на млади лица. Колони мажи кои се обидуваат да побегнат од земјата се снимени на московскиот аеродром Внуково. Речиси сите на возраст од 25 до 35 години биле проверувани на пунктот каде што се проверуваат пасошите.

Беа прашани дали ја купиле авионската карта пред или по најавата на Путин за мобилизација и дали имаат повратен билет. Засега не е познато колкумина биле запрени при влегувањето во авионите.

Германската влада објави дека Германија е подготвена да ги прими руските дезертери, пренесува АФП.

Антон Герашенко, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави две фотографии направени на аеродромот Внуково.

„Дали ова е толпа луѓе што сака да се пријави?“ прашува Герашенко, очигледно мислејќи на пријавата за војска.

„Не, тоа се Руси кои сакаат да избегаат, ова се редиците на аеродромот Внуково во Русија. Русите не се подготвени да го соборат режимот во Русија, чекаат тоа да го направат Украинците“, напиша тој.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе