Русите ја регистрираа првата светска вакцина против коронавирусот за животни

Русија ја регистрираше првата светска вакцина против коронавирусот за животни, објави управата за безбедносни контроли во земјоделството Роселкхознадзор.

EPA-EFE

Русија веќе има три вакцини против коронавирусот, од кои најпозната е Спутник V. Москва исто така итно одобри уште две вакцини, Епиваккорона и Ковивак.

Вакцината за животни, која ја развила единица на Роселкхознадзор, е наречена Карнивак-Ков.

„Клиничките истражувања на Карнивак-Ков, кои почнаа минатиот октомври, вклучуваа кучиња, мачки, арктички лисици и други животни“, кажа заменик шефот на агенцијата Константин Савенков.

„Резултатите на истражувањата ни даваат заклучок дека вакцината е безопасна и дава висока заштита, бидејќи сите вакцинирани животни развиле антитела за коронавирусот во 100 отсто од случаите.

Имунитетот трае шест месеци по вакцинирањето, но творците на вакцината продолжуваат да го анализираат тоа. Масовното производство на вакцината може да почне уште во април, додаде Роселкхознадзор.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе