Русите го приведоа генералниот директорот на нуклеарната централа Запорожје

Генералниот директор на украинската нуклеарна централа Запорожје која е под руска окупација е приведен од руска патрола, објави Енергоатом, државната компанија одговорна за централата.

Фото: ЕПА

„Ихор Мурашов бил приведен на пат од најголемата европска нуклеарна централа кон градот Енерхо вчера околу 16 часот“, изјави директорот на компанијата Петро Котин.

„Тој беше извлечен од автомобилот со врзани очи и одведен во непознат правец“, напиша Котин на апликацијата за пораки Телеграм, додавајќи дека во моментот нема информации за судбината на Мурашов.

Електраната Запорожје е една од централните точки на руската седуммесечна инвазија на Украина, додека Москва и Киев се обвинуваат меѓусебно за гранатирање на централата, ризикувајќи нуклеарна катастрофа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на демилитаризација на областа околу електраната, каде што работат Украинците.

Мурашов „ја сноси главната и единствена одговорност за нуклеарната и радијациона безбедност“ на централата и неговото притворање „ја загрозува безбедноста на украинската нуклеарна централа“, рече Котин.

Тој ги повика руските сили „веднаш да престанат со актите на нуклеарен тероризам против раководството и персоналот“ на електраната и да го ослободат Мурашов.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе