среда, 24 април 2024

Османи: Граѓаните се исправени пред две опции, изолација или интеграција

Кандидатот за претседател на коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ, Бујар Османи денеска гласаше во Општина Чаир. Тој порача дека граѓаните се исправени пред две опции, изолација или интеграција.

Објавено на

часот

Сподели

„Да посакам изборите денеска да бидат слободни, фер и демократски. Граѓаните да имаат можност да излезат масовно да гласаат. Да гласаат според своето убедување, но да гласаат со цел и надеж за подобри денови на нашата држава во големата европска фамилија“, изјави Османи по гласањето.

Според него, овие избори не се обични туку, како што рече, се одлучувачки избори по однос на иднината на државата.

„Граѓаните се исправени пред две опции, изолацијата или интеграцијата. Очекувам да ја донесат вистинската одлука“, рече Османи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ