Русите го менуваат законот, дозволуваат постари од 40 години да се приклучат на војската

Долниот дом на рускиот парламент на својата веб-страница објави предлог за измена на законот со кој ќе им се овозможи на Русите постари од 40 години и странците над 30 години да се пријават во војска.

Фото: ЕПА

На веб-страницата на Државната дума се вели дека овој потег ќе ѝ овозможи на војската да ги користи вештините на постарите професионалци, пренесе Ројтерс.

„За употреба на оружје со висока прецизност и работата со оружје и воена опрема потребни се високо професионални експерти. Искуството покажува дека такви стануваат на возраст од 40-45 години“, пишува во извештајот.

Во моментов, само Русите на возраст од 18-40 години и странци на возраст од 18-30 години можат да склучат прв договор со војската.

Русија претрпе огромни неуспеси и големи загуби на мажи и опрема во војната која трае веќе 86 дена, во која Украина го мобилизираше практично целото возрасно машко население. И покрај тоа што ја презема целосната контрола над урнатините на Мариупол, Москва е далеку од својата цел да го заземе целиот Донбас регион на исток.

„Јасно е дека Русите се во неволја. Ова е последниот обид да се реши недостигот на воена сила без да се алармира сопственото население. Но, на Кремљ му станува сè потешко да ги прикрие неуспесите во Украина“, рече пензионираниот американски генерал Бен Хоџис, поранешен командант на американските воени сили во Европа.

Џек Ватлинг, специјалист во Британската безбедносна и одбранбена тинк-танк група РУСИ, рече дека руската војска има недостиг од пешадија.

„Русија треба да го стабилизира персоналот во своите воени единици во Украина и да генерира нови единици ако сака да ја подобри својата позиција на теренот“, рече тој.

„Ова ќе биде бавен и комплициран процес, но може да се забрза со мобилизирање на луѓе со постоечки вештини и воено искуство“.

Думата рече дека предложената легислатива, исто така, ќе го олесни регрутирањето цивилни медицински лица, инженери и специјалисти за комуникации.

Исто така, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во петокот рече дека Русија формира 12 воени единици во нејзиниот западен воен округ како одговор на зголемените закани таму, повикувајќи се на барањата за членство во НАТО од страна на Финска и Шведска.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе