Русите гласаат на избори одбележани од бранот протести (ВИДЕО)

Русите низ целата земја гласаат на општински и регионални избори одбележани со бранот протести во изминатте недели.

Протестите, сконцентрирани во главниот град Москва, избија кога изборните власти ги одбија номинациите на неколку истакнати опозициски политичари поради технички причини како неважечки потписи.

„Изборната комсија утврди дека наводно од 6.000 потписи колку што добив, 2.000 не биле важечки, иако тоа не е вистина“, кажа еден од тие политичари Александар Соловјев од демократското движење Отворена Русија.

Околу 2.000 луѓе беа притворени за време на протестите за еден и пол месец, а бројни опозициски поддржувачи ја обвинуваат полицијата за насилно однесување.

Снимки кои кружат по социјалните мрежи ја покажуваат полицијата како со палки ги тепа демонстрантите пред да ги притвори.

Шефицата на московските изборни власти изјави пред два дена дека во нејзиниот дом ноќе ја нападнал провалник со електрошокер.

Како претседателка на руската централна изборна комисија, Ела Памфилова е одговорна за тоа што на опозициските кандидати не им беше дозволено натпреварување на московските избори за градскиот совет.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе