Русите ги гаѓаа Киев и Запорожје

Локалните украински власти, како и медиумите, денеска соопштија дека руските сили го нападнале регионот на Киев во текот на ноќта. Регионалниот гувернер на Киевската област, Олексеј Кулеба, не ја откри локацијата на нападот, но рече дека спасувачите се на местото на настанот.

Фото: ЕПА

„Русите во текот на ноќта го тероризираат регионот на Киев. Имавме неколку напади во една од општините во регионот. Спасувачите и сите служби за итна помош се на терен. Во тек е гаснење на пожарот и отстранување на последиците од нападот“, рече Кулеба на Телеграм.

Градската управа на Киев издаде наредба да се огласат сирените за воздушен напад на полноќ, повикувајќи ги граѓаните да бараат засолниште. Руските сили наводно го нападнале југоисточниот украински град Запорожје во, како што се верува, уште еден напад во текот на ноќта.

Според вршителот на должноста гувернер на Запорожје, Анатолиј Куртев, руските сили ги нападнале градот и околината, по што избувнал пожар.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе

Слоганот на македонското претседателство со ОБСЕ е “It’s About People” и затоа ќе е доблесно МНР да побара помош и поддршка за да си ги заштити националните интереси, интегритетот, суверенитетот, јазикот и идентитетот.

повеќе