Русите до Словенците: Поради непријателските чекори на Љубљана...

Вчера Министерството за надворешни работи на Русија на словенечкиот дипломат во Москва му врачи нота во која се бара да се намали бројот на членовите на дипломатскиот персонал во Москва.

Фото: ЕПА

„Како одговор на непријателските чекори што Љубљана ги презеде претходно, намалувањето на персоналот на руската дипломатска мисија, на словенечкиот дипломат му беше испратена нота во која се бара да се намали бројот на дипломатскиот персонал на словенечката амбасада во Москва на четири во рок од 10 дена“, соопшти Министерството, пренесува руски ТАСС.

„Врз основа на принципот на реципроцитет, донесена е одлука за корекција на условите за работа на словенечката дипломатска мисија во однос на ситуацијата во која се најде нашата амбасада во Љубљана“, додаваат од Министерството.

Министерството, исто така, напомена дека на словенечкиот дипломат му изразиле незадоволство поради, како што тврдат, неоснованите обиди на словенечките власти да ја обвинат Русија за воени злосторства во Украина и воената помош што Словенија му ја дава на „неонацистичкиот режим во Киев“.

Словенечките власти на 5 април донесоа одлука за изедначување на бројот на вработените во руската дипломатска амбасада со бројот на вработените во словенечката амбасада во Москва, додава ТАСС.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе