„Русиот ангел“ го терале да проси и да танцува за пари (ВИДЕО)

Русокосото девојче по име Марија која била пронајдена во ромски камп во Грција, ромската двојка со која живеела ја терале да проси и да танцува за пари, за што сведочи и видеото објавено на Интернет.

Полициската истрага за случајот на русокосата Марија, која грчките медиуми ја нарекле „русиот ангел“, би требало да ја открие мистеријата на потеклото на ова девојче, а според најновите информации, двојката во чиј дом таа живеела го искористувала нејзиниот изглед и ја терале да проси и да танцува за пари.

Адвокатот Костас Кацавос, кој ја застапува осомничената ромска двојка, тврди дека тие го посвоиле девојчето од нејзината биолошка мајка, но дека посвојувањето не било извршено по законските процедури.

Тој изразил уверување дека биолошката мајка на Марија наскоро ќе биде пронајдена и дека ќе се потврдат тврдењата на ромската двојка, пренесува Дејли мејл.

„Тие ја сакаат и се грижат за неа како за сопствено дете“, изјавил Кацавос.

Во случајот, кој предизвика огромен интерес кај Грците, властите ја обвиниле ромската двојка за киднапирање на девојчето Марија, на возраст меѓу четири и пет години, чија фотографија беше објавена минатата недела, и двојката денес треба да се појави пред суд.

Во надеж дека ќе дојде до поточни информации за осомничените, властите денес ќе ги објават фотографиите на Ромите обвинети за киднапирање на малолетното девојче и за фалсификување на личните документи.

Мажот и жената-Роми, според соопштението на полицијата, досега неколку пати ја смениле приказната за тоа како Марија се нашла во нивното семејство, со кое не е во никакво сродство, што го докажале и извршените ДНК-анализи.

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе