Во Москва

Русинка казнета затоа што носела сино-жолта капа и беџ

Нејзиниот избор на капа бил оценет како навреда за руската војска, вели Москва тајмс.

Фото: ЕПА

Жителка на Москва е казнета со 30.000 рубли (294 американски долари) затоа што носела жолто-сина капа и беџ во облик на срце, објави проектот за правна помош „Сетевје свободи“ на својот канал на Телеграм во четвртокот.

Во списите на предметот се наведува дека обвинетата жена „изложила облека и значка во боите на знамето на Република Украина на јавно место, изразувајќи јасно негативен став кон вооружените сили на Руската Федерација и привлекувајќи го вниманието на медиумите и блогерите“.

Според проектот за човекови права ОВД-Инфо, безбедносните сили привеле 14.980 луѓе на антивоените протести од почетокот на руската инвазија на Украина.

Луѓето обично се казнуваат според новиот закон за „јавни акции насочени кон дискредитација“ на руската војска.

Граѓаните може да бидат казнети со максимум 100.000 рубли (974 долари), додека официјалните и правните лица може да се соочат со до 300.000 (2.920 американски долари) и 1 милион рубљи (9.730 американски долари), соодветно.

Луѓето што објавуваат „свесно лажни информации“ за руските вооружени сили и за „специјалната воена операција“ во Украина може да бидат казнети со затвор до 15 години според новиот закон потпишан од претседателот Владимир Путин на 4 март.

Руските истражители во средата ги покренаа првите кривични случаи според новиот предлог-закон.

Досега три лица се обвинети за објавување „лаги“ на социјалните мрежи, објави комисијата за криминални истраги на својата веб-страница.

Претресени се домовите на осомничените и воведени се ограничувања за нивното движење.

Од воведувањето на затворските казни за „лажни вести“, голем број руски независни медиуми ги прекинаа своите активности, се преселија во други земји или беа затворени од властите.

Меѓу нив се руската либерална радиостаница Ехо Москви, независниот медиум Знак и независниот ТВ-канал Дожд.

На руските медиуми им е наредено да објавуваат само информации дадени од официјални извори и да ги отстранат сите извештаи што ја опишуваат „специјалната воена операција“ на Русија во Украина како „напад, инвазија или објава на војна“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе