Русин со оклопно возило влегува во продавница да украде вино (ВИДЕО)

Еден човек со вооружено оклопно возило удира во излогот на продавницата за потоа преку урнатините да се прекачи и да украде шише вино, во еден град во северна Русија во среда изутрината, според локалните медиуми и видеото објавено на социјалните медиуми.

Мажот го украл возилото од теренот за моторспорт обука во близината, возејќи го низ шумата и во Апатити, мало гратче јужно од арктичкиот круг, објави локалната новинска агенција Хибинформ.

Борејќи се да го сврти во тесната улица, човекот, кого сведоците го опишаа како пијан, продолжи да го удира тенкот во прозорецот на продавницата „Фемили“, објави новинската агенција.

Исто така го уништува и Даеву автомобилот паркиран во близина, што се гледа од сликите.

Снимките споделени на социјалните медиуми покажуваат како човекот последователно го напушта возилото низ отворот, кратко ја проверува штетата и влегува во продавницата низ скршениот излог.

Подоцна беше уапсен со украденото шише вино, рече Хибинформ. Продавницата не беше лиценцирана да продава алкохол во раните утрински часови, додаде агенцијата.

Сведоците видливи на снимката не изгледаат особено вознемирени од инцидентот.

„Во суштина, некое момче украло оклопно возило... и отишло во продавница за да ги надополни своите залихи во утринските часови“, објаснува корисник на социјалните медиуми, додека ја снима снежната сцена од својот прозорец.

Човекот, во своите доцни дваесетти години, не се спротивстави на апсењето, објави новинската агенција РИА.

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе

Сознанијата за степенот на местенки во судството неминовно го наметнува прашањето дали има местенки и во високото образование.

повеќе