Русин го убил другарот кој му ја силувал ќерката: видел страшни снимки на телефонот

Руската јавност смета дека таткото кој го убил педофилот кој ја силувал неговата осумгодишна ќерка не би требало да се суди за убиство.

EPA-EFE

Според наводите на полицијата, педофилот Олег Свиридов (32) чувал снимки во својот мобилен телефон на кој се гледа како злоставува неколку деца во селото Прибережно во рускиот регион Самара.

Работникот во фабрика за ракетни мотори Вјачеслав М. (34) бил излезен со Свиридов кога на неговиот телефон видел снимки на кои се гледа како ја силува неговата ќерка, која сега има девет години.

Тој го нападнал Свиридов, кој избегал. Педофилот бил близок пријател на семејството на Вјачеслав и во повеќе наврати ја чувал неговата ќерка, при што сексуално ја злоставувал.

Таткото силувањата ги пријавил во локалната полиција, која отворила истрага за Свиридов, но успеал да го најде пред полицијата и го избодел со нож. Вјачеслав на полицијата ѝ кажал дека се карал со Свиридов во шумата и дека за време на карањето тој „налетал на ножот“. Тврди дека немал намера да го убие.

Телото на педофилот било најдено во близина на селото во четвртокот, повеќе од една недела откако таткото ги видел снимките на мобилниот телефон. Полицијата го уапсила таткото и отворила истрага за целиот случај.

Извори од полицијата наведуваат дека на мобилниот телефон на убиениот педофил се наоѓаат и снимки на силување на други девојчиња од селото на возраст од шест до 11 години.

Мештаните на селото, но и Русите генерално, бараат на Вјачеслав да не му се суди за убиство.

„Тој не е убиец, ги штител својата ќерка и нашите деца. Сите се на негова страна“, кажа еден мештанин.

На страна на таткото е и познатата руска телевизиска новинарка и поранешна претседателска кандидатка Ксенија Собчак.

„Сите родители ќе се заземат за убиецот на педофилот“, кажа Собчак.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе