Зеленски во средата кажа дека не го видел предлогот кој, како што тврди Кремљ, му бил испратен.
„Повторувам уште еднаш, како што кажав вчера, нашата последна верзија ѝ беше предадена на противничката страна, на украинската преговарачка делегација“, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Тој потврди дека Кремљ е свесен за изјавата на Зеленски и го постави прашањето зошто никој не го известува украинскиот претседател за нивната верзија на текстот.
Изјавите на свете страни ја покажуваат оддалеченоста на нивните ставови и лошата комуникација. Последните директни преговори беа одржани на 29 март.
Рускиот претседател Владимир Путин на 12 март кажа дека преговорите се во ќорсокак, а главниот украински преговарач дека е тешко да се предвиди кога би можеле да продолжат, особено поради опсадата на Мариупол.
Москва бара Киев да ја признае загубата на Крим и Донбас, а Украина порача дека нема компромис кога станува збор за нејзините суверенитет и територијалниот интегритет.