Русија почна со производство на првата серија вакцини против коронавирусот

Русија започна со производство на првата серија од својата нова вакцина против ковид-19, објави во саботата новинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на Министерството за здравство.

Фото: ЕПА

Руската вакцина против коронавирус е прва што влегува во производство, но некои руски научници велат дека стравуваат со така брзото одобрување од страна на регулаторите дека Москва сака да го стави националниот углед пред безбедноста.

Руската вакцина ќе биде одобрена пред вообичаените испитувања кои се спроведуваат на илјадници луѓе, позната како трета фаза.

Оваа фаза е клучна за вакцината да добие зелено светло од регулаторите.

Вакцината Спутник 5 е именувана по првиот сателит лансиран од Советскиот сојуз во 1957 година, а последната фаза на тестирање допрва треба да ја помине.

Претседателот Владимир Путин ја уверува јавноста дека вакцината е безбедна и дека една од неговите ќерки се вакцинирала и дека по вакцинацијата се чувствувала добро.

Интерфакс пренесува дека московскиот институт Гамалеја, кој ја развил вакцината, претходно објави дека Русија до декември или јануари месечно ќе произведува околу 5 милиони дози од новата вакцина, објави Интерфакс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе