Реморкери ги влечат бродовите назад низ Керченскиот теснец

Русија започна да ги враќа бродовите одземени од Украина

Русија започна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25 ноември минатата година во Керченскиот залив, соопштија руските власти.

Телевизијата „Крим24“ објави дека бродовите биле транспортирани со моторни чамци на руската Федерална безбедносна служба на Крим и ќе ѝ бидат предадени на Украина кај ртот Тарханкут.

Известувач од Крим забележал дека реморкери влечат три пловила низ Керченскиот залив кон Црно Море, каде што потенцијално би можеле да патуваат понатаму кон Украина, пренесува Ројтерс.

Пред скоро една година, три украински бродови што минувале низ Керчскиот теснец на пат кон Мариупол, биле запленети затоа што немале дозвола за премин и навлегле во руските територијални води. Москва соопшти дека бродовите - два мали украински оклопни артилериски бродови и реморкер - незаконски влегле во нејзините територијални води. Киев го негираше тоа.

Русија ги врати морнарите кои во септември биле на бродовите во Украина, како дел од договорот за размена на затвореници.

Рускиот весник Конверсант во саботата објави дека Москва решила да ги врати бродовите во Украина и дека руски реморкери ќе ги влечат во Црно Море и ќе ги предадат трите украински бродови.

Овој потег најверојатно ќе се смета како мерка за изградба на доверба пред планираниот самит во Украина следниот месец.

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе