Русија загубила над 300 офицери во војната во Украина

Повеќето од загинатите војници се многу млади луѓе од сиромашните региони.

Повеќе од 300 руски офицери се убиени во Украина, според јавно достапните податоци анализирани од независната информативна веб-страница Медиазона.

Медиумот вели дека прегледал над 1.700 официјални соопштенија, новински извештаи и објави на социјалните мрежи за смртта на руски војници од почетокот на инвазијата во Украина на 24 февруари.

Тие пронашле детали за 1.744 руски војници убиени во Украина, како и за 317 офицери. Тие вклучувале двајца генерал-мајори и заменик-командант на Црноморската флота.

Бројките се поголеми од најновите официјални податоци за руските жртви, кои беа објавени од Министерството за одбрана кон крајот на март. Тие потврдија 1.351 загинат и 3.825 ранети војници.

Аналитичарите релативно високиот број офицери меѓу жртвите го припишуваат како на нивното физичко присуство на бојното поле, така и на посебната грижа што се презема за враќање на нивните тела и јавното известување за нивната смрт.

Русија, исто така, загубила најмалку 500 војници од своите најборбеноспособни единици, како што се маринците и специјалните сили, како и најмалку 20 пилоти, објави Медиазона.

На бојното поле се и оние чии задачи воопшто не вклучуваат војување на странска територија: загинале повеќе од 70 борци на Националната гарда, вели Медиазона.

Повеќето од загинатите војници се многу млади луѓе од сиромашните региони. 69 од нив немале повеќе од 19 години; некои веројатно биле регрути.

Географски, јужната руска република Дагестан известила за најмногу жртви, со 125 војници од регионот убиени во акција. Републиката Бурјатија во Сибир објави 85 загинати, додека регионот Волгоград на југот на Русија забележа 66 жртви.

Само два од 85 руски региони не пријавиле загуби.

Медиазона рече дека нејзиниот биланс не ги зел предвид загубите на војници меѓу промосковските сепаратисти во источна Украина, кои се борат заедно со руските трупи.

Британскиот министер за одбрана Бен Валас во понеделникот процени дека во војната досега биле убиени 15.000 руски војници.

Украина, која рече дека нема да го објави сопствениот биланс на загинати војници додека трае војната, вели дека бројот на загинатите руски војници е поголем од 20.000, пренесува Москва тајмс.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе