„Катастрофално неписмена“

Русија за Трас: Британија никогаш немала ваква брука од премиер

Руското Министерство за надворешни работи денеска го поздрави заминувањето на британската премиерка Лиз Трас, велејќи дека таа е брука од лидер и дека ќе остане запаметена по нејзината „катастрофална неписменост“.

Фото: ЕПА

„Британија никогаш немала ваква брука од премиер“, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова во објава на социјалните мрежи.

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев напиша на Твитер на англиски: „Бај, бај Лиз Трас, честитки за марулата“, алудирајќи на неколкудневниот пренос во живо на британскиот таблоид Дејли стар со прашањето дали проблематичното премиерствување на Трас ќе го надмине рокот на траење на една марула.

За оставката на Трас беше опширно и радосно известувано на руската државна телевизија. Гостин во водечката политичка дебатна емисија „Времето ќе покаже“ рече дека Трас ги поседувала трите особини потребни за да напредува во британската политика: „Глупавост, ароганција и воинственост“.

Трас беше тема на масовни коментари од Москва откако им беше во посета во февруари, како дел од неплодните напори на западните политичари да ја спречат руската инвазија на Украина, вели Ројтерс.

Се чини дека референцата на Захарова за неписменоста се однесува на тоа патување, кога Трас беше британски министер за надворешни работи. На состанокот со рускиот ветерански министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, вели Ројтерс, таа помеша два руски региони со Украина, што предизвика потсмев во руските медиуми.

Захарова, исто така, во четвртокот ја исмејуваше сензационалната фотосесија на Трас во Естонија минатата година, кога таа облече панцир и шлем за да се вози во тенк за време на посетата на британските војници стационирани во балтичката земја.

Односите меѓу Москва и Лондон паднаа на најниско ниво во последните децении, дури и пред Русија да ја нападне Украина, поради труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипаљ во британскиот град Солзбери во 2018 година, вели Ројтерс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе