Русија за оксфордската вакцина: Ги претвора луѓето во мајмуни (ФОТО)

Во Русија почна кампања за дискредитирање на оксфордската вакцина против коронавирусот со тврдења дека соперничката вакцина ги претвора луѓето во мајмуни бидејќи користи генетски материјал од шимпанза.

EPA-EFE

Русија, која летоска ја регистрираше својата вакцина Спутник V против вирусот, сега по руските социјални мрежи објавува снимки и фотографии што „докажуваат“ дека британската вакцина е опасна.

На една од фотографиите британскиот премиер Борис Џонсон е компјутерски обработен за да изгледа како јети со зборовите „Ја сакам мојата бигфут-вакцина“.

На друга фотографија се гледа шимпанзо во лабораториски мантил на фармацевтскиот гигант Астра Зенека, кој заедно со Оксфорд работи на развојот на британската вакцина.

Чичко Сем во меѓувреме порачува „Сакам ти да ја примиш мојата мајмунска вакцина“.

Шефот на Астра Зенека, Паскал Сорио, ја осуди клеветничката кампања. „Научниците во Астра Зенека и во многу други компании и институции ширум светот работат неуморно на развој на вакцина и третман за да се победи овој вирус. На крајот на краиштата, независните експерти и регулативните тела се тие кои ќе одлучат дали вакцината е безбедна и ефикасна. Дезинформациите се јасен ризик за јавното здравје“, кажа тој.

Истовремено, лекарот Хилари Џонс кажа за британските медиуми дека обидите за дезинформирање се „смешни и срамни“.

„Оксфорд има многу стручен тим. Таму во Втората светска војна беше произведен пеницилинот. Оксфорд има фантастична репутација и внимателно работат на ова и мислам дека е смешно и срамно тоа што Русите тврдат дека вакцината доаѓа од ДНК-материјал на шимпанза“, кажа тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе