Министерство за одбрана

Русија за нападот во Кременчук: Гаѓавме воена опрема, се запали и трговскиот центар

Воздушен напад врз резерви муниција во украински Кременчук предизвика пожар во околниот затворен трговски центар, тврди руското Министерство за одбрана.

Фото: ЕПА

Руската војска потврди дека во понеделникот е извршен воздушен напад врз украинскиот град Кременчук, но тврди дека целта биле залихи на западно оружје. Детонацијата предизвика штета на блискиот нефункционален трговски центар, се вели во денешното соопштение на Министерството. Киев тврди дека Русија го нападнала трговскиот центар, убивајќи и ранувајќи многу цивили.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека локацијата на залихите на оружје е во близина на фабриката Кредмаш. Веднаш до неа е и трговскиот центар Амстор, каде што во понеделникот се случи нападот. Војската тврди дека западната муниција детонирала и предизвикала пожар во трговскиот центар, кој повеќе не функционирал.

Украинските власти велат дека трговскиот центар бил преполн со луѓе во моментот кога Русија го нападнала. Според последниот извештај за жртвите, во инцидентот загинале 18 лица, а 59 се повредени, а 25 од ранетите се пренесени на лекување во болница.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша инцидентот во Кременчук како „еден од најочигледните терористички напади во европската историја“. Тој рече дека локацијата не претставува закана за руската војска и дека нема стратегиска вредност.

Кременчук е град во централна Украина на околу 250 километри југоисточно од Киев. Руската војска претходно ја нападна големата нафтена рафинерија во градот, лишувајќи ја украинската војска од гориво за нивните возила, вели РТ.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе