Русија воведува онлајн гласање заради коронавирусот

Во иднина, Русите ќе можат да гласаат електронски или по пошта, благодарение на измените во изборниот закон одобрени од претседателот Владимир Путин, објави Кремљ.

Фото: ЕПА

Новиот компјутерски систем што ќе овозможи електронско гласање треба да биде достапен низ целата земја и ќе овозможи гласање на локални и општи избори и на референдуми.

Застапниците на новиот систем велат дека тоа ќе помогне во запирањето на ширењето на новиот коронавирус затоа што граѓаните повеќе нема да мораат да доаѓаат на изборните места, пренесува ТАСС. Електронскиот систем досега поминал четири теста во Москва и ниту еднаш не бил „хакиран“, објави руската агенција.

Противниците изразија страв дека електронскиот систем полесно ќе може да се манипулира, а на независните набљудувачи ќе им биде потешко да забележат неправилности. Тие исто така истакнаја дека промени се воведуваат во време кога не се дозволени јавни протести заради пандемијата.

Не е јасно дали новиот систем ќе се користи на претстојниот референдум за уставни измени што треба да ја зајакнат власта на Путин и да се укинат ограничувањата на бројот на мандати, што му отвора можност да остане на власт до крајот на 2036 година.

Референдумот требало да се oдржи во средината на април, но поради пандемијата ковид-19 бил откажан. Според извештаите на руските медиуми, новиот датум на гласање најверојатно ќе биде на 24 јуни.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе