Русија во училиштата ќе распоредува чувари, учениците ќе бидат предупредувани против протести

Русија сака да распореди чувари во училиштата по протестите против затворањето на дисидентот Алексеј Навални за да се осигура дека учениците веќе нема да одат на такви протести, објави вчера весникот Комерсант.

EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Специјално обучен персонал би требало да разговара со младите „на нивен јазик“ во врска со незаконските собири.

Руските власти со денови се обидуваат на секој можен начин да ги сузбијат протестите во знак за поддршка на Навални.

Училиштата сега се под зголемен надзор бидејќи многу од демонстранти се млади. Според активистите за човекови права, само минатата недела ширум земјата биле уапсени 205 малолетници.

Министерот за образование Сергеј Кравцов не сака таа „воспитно-образовна работа“ да им ја препушти само на наставниците. Овие инструктори треба да започнат со работа ширум земјата следната година.

Следните неколку месеци ќе работат во 10 региони, за што ќе добиваат дополнителни 160 евра месечно.

Кремљ се обидува да се приближи до младите генерации кои се информираат преку мобилните телефони и социјалните мрежи, наместо преку државните медиуми под надзор.

Навални (44), како ниеден друг политичар во Русија, се потпира на интернетот, а на државна телевизија се појавува само кога ќе се појави пред суд.

Веќе се одржани два големи протести низ целата земја на кои се барало ослободување на Навални и се изразило спротивставување на политиката на претседателот Владимир Путин.

Во многу руски училишта дури и на настава се изрекувале предупредувања за протестите, но се чини дека тоа дало спротивен ефект: родителите во Москва објавија дека ова е прв пат нивните деца воопшто да слушнат за Навални - и сега уште повеќе биле заинтересирани за него.

Рускиот суд во вторникот условната казна на Навални ја преиначи во затворска казна од 3 години и 6 месеци. Како одговор на овој потег се очекуваат нови протести.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе