Русија во Советот за безбедност: Проектот Република Косово очигледно пропаѓа

Рускиот и кинескиот амбасадор на седница на Советот за безбедност во Обединетите нации беа за задржување на мисијата на УНМИК, додека претставниците на Франција, Велика Британија и САД беа за укинување.

Амбасадорот на Русија во ОН Васил Небензја кажа дека Москва не се сложува со „премногу оптимистичните проценки“ на косовската амбасадорка во САД Вљора Читаку. Тој истакна дека дијалогот меѓу Белград и Приштина е во застој.

Небензја предупреди дека случувањата на Косово се закануваат да го урнат целиот систем на регионалната стабилност.

Тој ја обвини Приштина за „сабтирање“ на спроведувањето на договорот за формирање Заедница на српски општини.

„Проектот Република Косово очигледно пропаѓа“, кажа амбасадорот на Русија.

Истовремено укажа на прашањето на транзицијата на косовските безбедносни сили во војска на Косово што, како што истакна, е спротивно на Резолуцијата 1244, според која КФОР е единствената оружена сила на Косово. Тој го истакна и проблемот со исламскиот радикализам и тероризмот на Косово.

Кина го почитува територијалниот интегритет и суверенитетот на Србија и ја разбира нејзината загриженост околу прашањето на Косово, кажа претставникот на таа земја во ОН и истакна дека за Пекинг Резолуцијата 1244 е правната основа за решавање на тоа прашање.

Тој побара од СБ на ОН да го задржи вниманието на Косово. Истакна дека Кина го поддржува мандатот на УНМИК во постоечкиот формат и ги повика страните во процесот на решавањето на косовската криза да се воздржат од провокативна реторика.

Заменичката на амбасадорката на САД во ОН Мишел Сисон повторно повика на намалување на мисијата на УНМИК и проредување на динамиката на одржување седници за Косово.

„УНМИК одамна го исполни својот мандат на Косово, нема сомнеж дека токму таа мислија помогна Косово да изгради демократски институции. ОН треба да бидат горди на достигнувањето и таа успешна приказна“, кажа Сисон.

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе