Русија вели дека западното оружје што ѝ се дава на Украина завршува на црниот пазар

Русија денеска соопшти дека напредното оружје што Западот ѝ го испорачува на Украина оди на црниот пазар, а потоа во рацете на екстремистичките и криминалните групи на Блискиот Исток, централна Африка и Азија.

Фото: ЕПА

Откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, најголемата копнена инвазија во Европа по Втората светска војна, западните сили почнаа да ѝ испраќаат на Украина цела низа оружја во обид да им помогнат на силите што се борат против руските трупи.

Марија Захарова, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, рече дека членките на НАТО вкупно испратиле најмалку 700 артилериски системи, 80.000 ракетни системи, 800.000 артилериски гранати и 90 милиони парчиња муниција.

„Значаен дел од ова оружје веќе влезе, или наскоро ќе влезе на црниот пазар“, им рече Захарова на новинарите во Москва. „Сега светската заедница се соочува со ова.“

Таа не кажа на кои докази се заснова нејзиното тврдење, вели Ројтерс.

„Воените пратки на НАТО завршуваат во рацете на терористите, екстремистите и криминалните групи на Блискиот Исток, централна Африка и југоисточна Азија“, додаде Захарова.

Русија долго време предупредува дека оружјето наменето за Украина би можело да се најде во рацете на криминалците, но без да даде детали за тоа каде завршува оружјето, вели Ројтерс.

Западните лидери велат дека сакаат да ѝ помогнат на Украина да ја победи Русија, иако американскиот претседател Џо Бајден се обиде да спречи директна конфронтација меѓу НАТО и Русија. Украина бара повеќе оружје од САД и нивните сојузници.

Сепак, некои безбедносни службеници се загрижени.

Шефот на Интерпол, Јирген Сток, во јуни изјави дека дел од напредното оружје испратено во Украина ќе заврши во рацете на организираните криминални групи.

Европол во јули соопшти дека тесно соработува со Украина за да ја ублажи заканата од тргување со оружјето. „Потенцијална закана забележана во воените зони во минатото е дека огненото оружје може да падне во погрешни раце“, рекоа тогаш.

„Во врска со војната во Украина, Европол предупреди дека ширењето огнено оружје и експлозиви во Украина може да доведе до зголемување на огненото оружје и муницијата што се шверцува во ЕУ преку воспоставени патишта за шверц или преку онлајн-платформи. Оваа закана може да биде дури и поголема штом ќе заврши конфликтот.“

Захарова рече дека Европската Унија е учесник во конфликтот во Украина, бидејќи блокот му доставил еден куп напредно оружје на Киев.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе