„Го активира имунолошкиот систем и нема несакани ефекти“

Русија вели дека вакцината за ковид е успешно тестирана, производство од следниот месец

Не се откриени несакани ефекти или проблеми со организмот на волонтерите, соопшти руското министерство. Русија вели дека планира сериско производство на првата домашна вакцина против коронавирусот до септември.

Фото: ЕПА

Русија веќе подолго време е еден од ривалите во светот што се тркаат да направат вакцина против ковид-19.

Последната проверка на волонтерите на кои се тестира вакцината против коронавирусот, која ја развива Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, покажа имунитет кај сите учесници, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Резултатите од проверката јасно покажуваат непогрешлив имунолошки одговор реализиран преку вакцинацијата. Не се пронајдени несакани ефекти или проблеми со организмот на волонтерите“, соопшти Министерството. Волонтерите биле тестирани во болницата Бурденко во Русија.

Земјата првично планира сериско производство на првата домашна вакцина против коронавирусот до септември, објави неодамна руска агенција ТАСС.

Според рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров, целокупното производство ќе зависи пред сè од потребите на здравствениот систем.

Покрај тоа, Русија до почетокот на следната година ќе произведува и неколку милиони дози вакцини против коронавирус месечно, додаде министерот.

Успешното тестирање на вакцината врз волонтерите се случи веднаш откако рускиот државен центар за истражување вирологија и биотехнологија Вектор објави дека планира во ноември да почне со производство на вакцина против ковид-19, изјави нејзиниот генерален директор Ринат Максутов за ТВ каналот Расија-1, пренесе ТАСС.

Засега е планирано три руски компании во септември да почнат со индустриско производство на првата вакцина против коронавирус во Руската Федерација, изработена од институтот „Гамалеја“, рече Мантуров.

Властите планираат прво против вирусот да се вакцинираат лекарите и наставниците.

Претходно, шефицата на руското санитарно надзорно тело, Ана Попова, рече дека е уверена дека руската вакцина против коронавирусот ќе биде апсолутно безбедна и ефикасна.

„Не се сомневам дека вакцината со која ќе се вакцинираат луѓето ќе биде апсолутно безбедна и, се разбира, ефикасна”, рече таа во интервју за еден телевизиски канал.

Русија денеска пријави 5.115 нови заразени, со што националната бројка стигна до 861.423, четврта по големина во светот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе