Според руското Министерство за здравство

Русија вели дека ја создала првата вакцина за ковид во светот, ќе биде регистрирана следната недела

Московскиот центар Гамелеј на 12 август ќе ја регистрира првата светска вакцина против новиот коронавирус, откри заменик-министерот за здравство на Русија. Олег Гриднев рече дека медицинските работници и старите лица ќе имаат приоритет во имунизацијата.

Фото: ЕПА

Вишиот министер Михаил Мурашко минатата недела објави дека се планира во октомври да почне национална програма за масовна вакцинација. Мурашко додаде дека сите трошоци ќе бидат покриени од владата.

„Регистрацијата на вакцината направена во центарот Гамелеј ќе се случи на 12 август“, им рече утрово Гриднев на новинарите. „Сега е во тек последната фаза, третата. Ова е тестирање и е исклучително важно. Мора да разбереме дека самата вакцина мора да биде безбедна“.

Клиничките испитувања на формулата почнаа на московскиот универзитет Сеченов на 18 јуни. Во една студија во која учествуваа 38 доброволци таа ги помина протоколите за безбедност. Забележано е дека сите оние што учествувале развиле имунитет на инфекцијата.

Брзината со која Русија ги врши истражувањата и одобрувањето на формулата предизвика скепса кај Западот, а СЗО дури повика и на претпазливост кон руската вакцина, но Вадим Тарасов, врвен научник на Сеченов, вели дека земјата била во предност бидејќи последните 20 години ги поминала во развивање на вештините на ова поле и во обиди да открие како се пренесуваат вирусите, вели РТ.

Со повеќе од 870.000 случаи, Русија е меѓу четирите држави најпогодени од епидемијата, заедно со САД, Бразил и Индија. Со 14.725 жртви Русија е на 11-то место во светот, иако кога се мери по жител, стапката на смртност е на 47-то место, под Германија, но над Австрија.

Технологијата зад руската вакцина е заснована на аденовирусот, обичната настинка. Создадени вештачки, вакцинските протеини ги реплицираат оние на ковид-19, предизвикувајќи „имунолошки одговор сличен на оној што го предизвикува самиот коронавирус“, рече Тарасов. Со други зборови, имунизацијата е слична на преживување на вирусот, но без ризици по живот.

И други земји развиваат потенцијални вакцини, особено Британија и САД. Минатиот месец истражувачите од Универзитетот во Оксфорд изјавија дека нивната формула се чини безбедна и дека предизвикува имунолошки одговор. Направена е од генетски создаден вирус одговорен за обичната настинка кај шимпанзата. Владата на Велика Британија веќе нарача 100 милиони дози.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе