Русија вакцинираше милион луѓе

Русија успеала со својата вакцина против коронавирусот Спутник V да вакцинира милион граѓани.

EPA-EFE

Земјата која има четврти најголем број заразени почна со масовно вакцинирање минатиот месец.

Засега не се пријавени нови несакани реакции, изјави за новинската агенција РИА Александар Гинтсбург, директорот на Институтот Гамалеја кој ја разви вакцината.

Во Русија во изминатите 24 часа има 24.217 нови случаи, вклучувајќи 5.142 во Москва, поради што бројот на заразените се качи на вкупно 3.308.601.

Властите соопштија дека во изминатото деноноќие имало 445 смртни случаи и сега вкупниот број на умрени од последици на ковид-19 изнесува 59.951, иако зголемената стапка на смртност во изминатата година сугерира дека реалната бројка на смртни случаи е значително поголема.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе