Путин утре го потпишува указот

Русија в петок официјално ќе припои уште четири области на Украина

Русија соопшти дека на церемонија в петок официјално ќе припои уште четири дела од Украина, само неколку дена по самоорганизираните референдуми, кои Западот и Украина ги осудија како лажни, вели Би-би-си.

Фото: ЕПА
Владимир Путин утре ќе потпише декрет за припојување на четири окупирани региони во Украина, соопшти Кремљ.
 
Руската државна новинска агенција Тасс се повикува на изјавата на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, дека церемонијата на потпишување на договорите за влегување во Руската Федерација ќе се одржи в петок во 15 часот по московско време.
 
Рускиот претседател ќе одржи церемонија на потпишување во Кремљ, по што се очекува да одржи голем говор и да се сретне со администраторите на украинските региони назначени од Москва, рече Песков.
 
Ќе бидат потпишани договори „со сите четири територии што одржаа референдуми и ги доставија соодветните барања до руската страна“, рече Песков.
 
Вкупната површина што треба да стане де факто дел од Русија изнесува околу 15% од Украина и вклучува околу четири милиони луѓе.
 
На Црвениот плоштад во Москва е поставена бина со џиновски видеоекрани, со билборди на кои пишува „Донецк, Луганск, Запорожје, Керсон - Русија!“
 
Шефот на Горниот дом на рускиот парламент рече дека размислувал четирите делумно окупирани региони да се вклучат во Русија пред 70-тиот роденден на претседателот Владимир Путин, на 7 октомври.
 
Откако ќе бидат анектирани, руското раководство соопшти дека ќе ги смета нападите врз областите под контрола на Русија за директен напад врз Русија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе