Вчера, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повтори дека претседателот Владимир Путин останува отворен за разговори, но дека барањето на Западот Москва прво да ги повлече своите трупи од Украина е неприфатливо.
Изјавата на Песков дојде додека Путин телефонски разговараше со германскиот канцелар Олаф Шолц во петокот наутро.
Кабинетот на Шолц соопшти дека тој јасно му ставил до знаење на Путин „дека мора да има дипломатско решение што е можно поскоро, кое вклучува повлекување на руските трупи“.
Во четвртокот, американскиот претседател Џо Бајден, исто така, посочи дека ќе биде подготвен да разговара со Путин доколку покаже дека сериозно сака да ја прекине инвазијата и да се повлече од Украина.