Советникот на Росенергоатом Ренат Карча изјави дека не е откриено истекување радијација кај најголемата нуклеарна централа во Европа.
За ТАСС додаде дека на објектите на централата се испукани 15 гранати – во близина на сув склад на нуклеарен отпад и згради во кои се наоѓа свежо потрошено нуклеарно гориво.
Русија за гранатирањето ја обвини Украина.
Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) остро го осуди нападот на нуклеарната централа Запорожје. Од Агенцијата бараат они кои стојат зад експлозиите веднаш да престанат со гранатирањето, пренесува Ројтерс.