Русија уапси поранешен новинар, го сомничат дека шпионирал за земји од НАТО (ВИДЕО)

Портпаролот на Руската вселенска агенција е уапсен под сомнеж за предавство, пренесуваат агенциите.

Screenshot

Од руската вселенска агенција Роскосмос соопштија дека апсењето на поранешниот новинар Иван Сафронов, кој работел како нивен портпарол, не е поврзано со неговата сегашна работа.

Руската разузнавачка служба ФСБ соопшти дека Сафронов е осомничен за шпионирање за земји од НАТО. Сафронов, тврдат од ФСБ, собирал класифицирани информации за воени операции, одбрана и безбедноста на Русија и им ги проследувал на земји членки на НАТО.

Пред да стане портпарол на Роскосмос, Сафранов работел како воен репортер за весниците Комерсант и Ведомости. Кон средината на мај се вработил во руската вселенска агенција како советник на директорот Дмитриј Рогозин.

На рускиот новинар сега му се закануваат 20 години затвор ако биде осуден.

Според неофицијални информации неговото апсење е поврзано за периодот додека бил новинар. Пред една година ФСБ го повикале на информативен разговор, но тогаш не се сомневале дека е шпион.

Но во јуни 2019 Сафронов објавил коавторски текст за руското доставување оружје на Египет. Написот подоцна бил отстранет од страниците на весникот Комерсант. Потоа Сафронов бил отпуштен од работа бидејќи работел на текст за заминувањето од функција на висок политичар. Поради тоа целата политичка редакција дала отказ во Комерсант.

И таткото на Сафронов бил воен аналитичар во Комерсант, а умрел во 2007 година откако паднал од петти кат на зграда. Во време на смртта Сафронов постариот ги истражувал тврдењата дека Русија им продава оружје на Сирија и на Иран.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе