Русија тврди дека разбила исламистичка терористичка ќелија од шест лица

Висок функционер на Крим тврди дека руската безбедносна служба ФСБ разбила, како што рече, шестчлена терористичка ќелија на забранета исламистичка група.

Фото: ЕПА

Веста доаѓа еден ден откако во серија напади на Крим беше уништен клучниот железнички центар што се користеше за снабдување на руските војници и како воена воздушна база.

„Сите се приведени. Терористичките активности беа координирани, како што се очекуваше, од територијата на терористичката држава Украина“, рече Сергеј Аксјонов на Телеграм.

Тој тврди дека уапсените биле членови на исламистичката група Хизб ут-Тахрир, која е забранета во Русија.

Русија претходно соопшти дека нападите ги извршиле саботери.

Украина не ја презеде одговорноста за нападите.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе