Русија тврди дека нема ништо со политичкиот скандал во Австрија

Русија „нема ништо“ со политичкиот скандал во Австрија каде објавувањето на компромитирачка видеоснимка на лидерот на крајнодесничарската Партија на слободата на Австрија (ФПО) Хајнц Кристијан Штрахе резултираше со распаѓање на владејачката коалиција, соопшти Кремљ.

„Тоа е приказна со која немаме ништо, која со нас нема никаква врска и не ни можела да има врска со нас“, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Политичката криза во Австрија изби откако германските медиуми Зидојче цајтунг и Шпигл објавија тајно снимено видео во кое поранешниот лидер на ФПО Штрахе во разговор со наводна руска претприемачка, внука на руски олигарх, за политичка поддршка нуди фаворизирање при доделување јавни тендери.

Песков истакна дека објавената снимка „нема врска ни со Русија, ни со претседателот ни со владата“.

„Не знаеме која е таа жена, ни дали е со руско потекло или има руско државјанство“, кажа Песков.

Рускиот олигарх кој се спомнува во снимката, Игор Макаров, во неделата за руското издание на Форбс изјави дека не е роднински поврзан со жената на снимката.

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе