Русија тврди дека има докази дека САД се директно вклучени во војната во Украина

Русија денес објави дека Соединетите Американски Држави се директно вклучени во конфликтот во Украина бидејќи американски шпиони ги одобрувале и координирале украинските ракетни напади на руските сили.

EPA-EFE

Руската инвазија на Украина ја предизвика најголемата криза во односите на Русија и Западот од Кубанската ракетна криза во 1962, кога многумина стравуваа дека светот е на нуклеарна војна.

Руското министерство за одбрана објави дека заменик шефот на украинската воена разузнавачка служба Вадим Скибицки за британскиот весник Телеграф признал дека Вашингтон ги координира ракетни напади со ХИМАРС системите.

„Сето ова недвосмислено докажува дека Вашингтон, спротивно на тврдењата на Белата куќа и Пентагон, директно е вклучен во конфликтот во Украина“, соопшти руското министерство за одбрана.

Американскиот претседател Џо Бајден вели дека сака Украина да ја порази Русија и на Киев му испрати оружје вредно милиони долари, но американските власти не сакаат директен судир меѓу руските и американските војници. Русија тврди дека за ракетните напади на цивилни цели во подрачјата под контрола на проруските сили во источна Украина е одговорна американската влада.

„Администрацијата на Бајден е директно одговорна за сите ракетни напади на станбени подрачја и цивилна инфраструктура во населените подрачја на Донбас и други региони, кои ги одобри Киев, а резултираа со смрт на голем број цивили“, соопшти руското министерство.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе