„Следевме уште една рунда дезинформативна кампања на западните делегации, додека во Советот на ОН го покренуваа прашањето за беспилотните летала што Русија наводно ги користи во Украина“, рече дипломатот по завршувањето на консултациите на Советот за безбедност на ОН.
Полјански додаде дека Западот се обидува да „погоди две цели одеднаш измислувајќи вештачки изговор за притисок врз Русија и Иран“, пренесува Ројтерс.
„Ние имаме наша индустрија за дронови, која ги произведува дроновите што ни се потребни за оваа кампања, и сите овие обвинувања се целосно на совеста на нашите западни колеги“, рече Полјански.
Тој додаде дека на остатоците од беспилотните летала може да се забележат натписи на руски јазик.
„Мислам дека рускиот јазик не се користи многу во Иран“, рече Полјански.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски оваа недела изјави дека тоа што Русија напаѓа цели во Украина со беспилотни летала од Иран го покажува нејзиниот политички и воен пораз.
„Употребата на иранско оружје од страна на Москва по децении финансирање на воената индустрија за време на советскиот и постсоветскиот период е пораз“, рече Зеленски во видеото објавено на официјалната веб-страница.
Украина соопшти дека руските сили користеле беспилотни летала „камикази“ од иранско производство во последните напади врз украинските градови.