Русија, Турција, Украина и ОН направиле план за извоз на храна од украинските пристаништа

Русија, Турција, Украина и Обединетите Нации подготвиле мапа на патот која ќе обезбеди функционирање на безбедносен коридор за извоз на земјоделски производи од украинските пристаништа, јави агенцијата Анадолу, повикувајќи се на дипломатски извори.

EPA-EFE

Турција веќе некое време води дипломатски контакти за да се формира механизам за безбедносна испорака на житото од Украина на светските пазари.

Како резултат на преговорите на турската страна со претставниците на Русија, Украина и ОН, подготвена е мапа на патот за обезбедување „житен коридор“ под покровителство на светската организација.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја почна иницијативата за „житен коридор“ во телефонскиот разговор од 30 мај со рускиот претседател Владимир Путин, а потоа и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во блиска иднина во Истанбул ќе биде одржан состанок на Русија, Турција, Украина и ОН на кој ќе се разговара за извозот на житарки од украинските пристаништа. Во четиристраниот формат планирано е разгледување на прашањето на рутите, осигурувањето, обезбедувањето на бродовите, деминирање на пристаништата, како и составот на координацискиот центар. Центарот за извоз на житарки, кој се формира во Истанбул, ќе ја регулира интеракцијата меѓу Русија и Украина со посредство на Турција во координација со ОН, јавува Анадолу.

Отворањето на координацискиот центар во Истанбул ќе овозможи извоз на 20 милиони тони жито од украинските пристаништа на светските пазари.

Ситуацијата во Украина и санкциите кои на Русија ѝ ги воведоа САД и ЕУ доведоа до нарушување во снабдувањето со жито, што го зголемува ризикот од прехранбена криза во неколку земји во светот.

Од почетокот на годината цените на пченицата и пченката значително пораснаа. Резервите на пченица, како што беше напоменато на седницата на Советот за безбедност на ОН на 21 мај, во светот ќе траат десет недели, а ситуацијата е полоша отколку во кризата во 2007-2008 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе