Руската амбасада во САД на Телеграм повторно го сврте вниманието кон ветувањето на американскиот претседател Џо Бајден дека ќе го запре проектот Северен тек 2.
„Гледаме дека некои американски пратеници се обидуваат да ја обвинат Русија за инцидентите. Можеби од Капитол Хил имаат подобар поглед. Но, ако е така, тие мора да ги забележале и американските воени бродови во областа на руската инфраструктура еден ден пред тоа. Или да виделе дека таму летаат беспилотни летала и хеликоптери. Или да ги здогледале вежбите на американската морнарица со подводни експлозиви спроведени во истата област пред извесно време“, напишаа од амбасадата.
„Оние што толку многу размислуваат за овој инцидент го забораваат главното прашање - кој има корист од прекинот на гасоводот? Од наша страна, ние инсистираме на сеопфатна и објективна истрага за околностите на овој досега невиден напад врз руските гасоводи“, се додава.
Руски извори постојано се повикуваа на зборовите на Џо Бајден и неговата администрација претходно оваа година кога САД и Германија се заканија дека нема да го отворат Северен тек 2 доколку Русија ја нападне Украина, пишува Гардијан.
Во јануари, портпаролот на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Нед Прајс, рече: „Сакам да бидам многу јасен. Ако Русија ја нападне Украина на кој било начин, нема да има напредок на Северен тек 2. Ќе работиме со Германија за да се осигуриме дека проектот не оди понатаму“.
Неколку дена подоцна, на 8 февруари, Бајден на заедничка прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека проектот за гасоводот ќе заврши доколку Русија испрати војници во Украина.
„Ако Русија почне инвазија, односно ако ја премине границата на Украина со тенкови или војници, тогаш повеќе нема да има Северен тек 2. Ние ќе го прекинеме тоа“, рече тогаш Бајден.
На новинарско прашање како ќе го сторат тоа кога проектот е под контрола на Германија, Бајден одговори: „Ви ветувам, ќе можеме да го направиме тоа.“
Pres. Biden: "If Russia invades...then there will be no longer a Nord Stream 2. We will bring an end to it."
— ABC News (@ABC) February 7, 2022
Reporter: "But how will you do that, exactly, since...the project is in Germany's control?"
Biden: "I promise you, we will be able to do that." https://t.co/uruQ4F4zM9 pic.twitter.com/4ksDaaU0YC