Русија тестираше ракета што може да го погоди секој град во Европа

Русија ја тестираше ракетата топол-М, јавуваат државните медиуми, а нејзиниот дострел би претставувал прекршување на договорот за нуклеарно оружје со среден дострел меѓу Русија-САД, кој заврши минатиот месец.

Ракетата била лансирана од космодромот Плесецск во северозападна Русија кон цел чија локација во регионот Камчатка не е откриена, соопшти новинската агенција ТАСС повикувајќи се на Министерството за одбрана.

„Задачите на лансирањето се исполнети во целост. Еквивалентот на боева глава пристигна на одредената точка (полуостровот Камчатка)“, соопшти Министерството.

Станува збор за дострел од околу 5.500 километри, што е горната граница на опсегот опфатен со руско-американскиот договор за нуклеарно оружје со среден дострел.

Овој дострел ја покрива цела континентална Европа.

САД се повлекоа од договорот тврдејќи дека Русија го прекршила со производство на ракети способни за опсег од 500 до 5.500 километри регулирани со тој договор.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе