Пукал и во полицијата

Русија: Студент уби едно, рани три лица, па се самоуби (ВИДЕО)

Најмалку еден човек загина, а тројца се ранети кога студент денеска отворил оган на колеџот во Благовешченск, на далечниот исток на Русија во регионот Амур, а потоа извршил самоубиство.

„Телата на двете момчиња, меѓу кои и на напаѓачот, се пронајдени на местото на инцидентот. Според прелиминарните информации, три лица се ранети“, соопшти Одделот за внатрешни работи на таа област.

Во соопштението се наведува дека едно момче наишло на патот на полициска патрола и им кажало за пукањето на колеџот.

Полицијата го забележала вооружениот напаѓач на вториот кат од зградата на колеџот, кој пукал и во нив.

Тасс пренесува дека полицијата возвратила со оган и дека никој од нивните припадници не е повреден.

Полицијата верува дека можен мотив за нападот е судир што го имал напаѓачот со колегите од колеџот.

Извори на службата за вонредни ситуации претходно ѝ кажале на руската агенција дека напаѓачот почнал да пука откако му било кажано да ја напушти слушалната зашто доцнел на час.

Еден од ранетите тинејџери е во критична состојба.

Рускиот истражен одбор објави дека досегашните резултати на истрагата покажале дека 19-годишен студент од градежниот колеџ отворил оган во таа образовна установа.

Ранети се три момчиња, на 17, 19 и 20 години.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе