Русија соопшти: Ги почнуваме вежбите со Србија

Во Астрахан на југот на Русија денеска почнуваат првите заеднички вежби на Русија и Србија од противвоздушната одбрана, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Во вежбите ќе учествуваат воздушните и противракетните единици, како и радиотехничката служба. Ќе се користат и С-400 ракетни системи, ракетниот систем земја-воздух Панцир – С и радарски станици“, се наведува во соопштението, пренесува ТАСС.

Како што се наведува, за време на практичните вежби учесниците ќе симулираат големи воздушни напади и ќе изведуваат пробни лансирања на ракети во тешки услови на големи и на мали висини.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе