Русија со јасна порака – да се изврши притисок врз Приштина

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова порача дека е време да се изврши притисок врз Приштина да ги повлече своите специјалци од северот на Косово и Метохија.

EPA-EFE

Захарова смета дека тоа треба да се направи за да се спречи ескалација на ситуацијата кон отворен конфликт.

Истакна дека Русија е загрижена околу растечките тензии на северот на Косово и Метохија, предизвикани од неодговорните постапки на Приштина.

„Очигледно е дека настаните се развиваат по сценарио од лошо кон полошо“, оцени Захарова во коментарот објавен на официјалниот сајт на руското министерство за надворешни работи.

Таа укажа дека формирањето на Заедницата на српски општини, која е смислена како начин да биде гарантирано почитувањето на правата и интересите на Србите на Косово, останува „мртва буква на хартија“ поради саботажата на Приштина.

Захарова оцени дека Приштина сака да воспостави целосна контрола на територијата на целата покраина, со помош на репресивниот апарат на „самопрогласената косовска држава“.

Смета дека постапките на Приштина не наидуваат на соодветна оценка ниту осуда во Брисел, кој е овластен да помогне во барањето на решение на проблемот меѓу Белград и Приштина, како ни во Вашингтон.

Според неа силите на НАТО на Косово и мисијата на Европската Унија за владеење на правото ги имаат потребните мандати за спречување на беззаконието, и затоа ја носат целосната одговорност за заштитата на цивилите и обезбедувањето на мирот.

Захарова истакна дека е време да се изврши енергичен притисок врз Приштина за да ги повлече специјалните единици на полицијата од северот на Косово и Метохија и за да се спречи ескалација кон отворен конфликт.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе