Русија се закани со затворање на амбасадата во Софија доколку до утре не биде откажано протерувањето на дипломатите

Руската амбасадорка во Бугарија Елеонора Митрофанова испрати нота до бугарското министерство за надворешни работи дека доколку одлуката на бугарската влада за протерување на 70 руски дипломати не биде поништена до петок до 12 часот, руската амбасада во Софија ќе побара од властите во Москва затворање на руската амбасада во Софија, објави сајтот Епицентар, повикувајќи се на дипломатски извори.

EPA-EFE

Како што јави дописникот на МИА од Софија, доколку дојде до таков развој на настаните, тоа ќе значи војна.

Митрофанова на денешниот онлајн брифинг додаде дека дури ни за време на Втората светска војна, Бугарија и Русија не ги прекинале дипломатските односи и работеле амбасадите на двете земји.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе