Негира дека им помогнала на САД во операцијата

Русија се сомнева дека Багдади е убиен: „Немаше никаков напад во саботата во Идлиб“

Нема веродостојни податоци што би докажале дека имало успешна американска рација против лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади, соопшти Министерството за одбрана на Русија. Американската коалиција последниов период воопшто нема спроведено ниту еден напад во Идлиб, пренесува Раша тудеј.

Трамп вчера го извести светот дека Ал-Багдади е елиминиран во северозападна Сирија во „смел ноќен напад“, во кој учествувале американските специјални сили, авиони, хеликоптери и беспилотни летала. Водачот на Исламска држава умрел „плачејќи и врескајќи“ пред моќта на Американците, рече тој.

Но руското Министерство за одбрана инсистира дека „постојат легитимни прашања и сомнежи за самиот факт (дека имало американска операција), а, особено, за нејзиниот успех“.

Москва истакна дека не регистрирала воздушни напади од американската коалиција во областа Идлиб во северозападна Сирија во саботата, кога се случил нападот.

Министерството ги негира тврдењата на Трамп дека руските сили на американските авиони им го отвориле воздушниот простор што е под нивна контрола во Сирија за да помогнат во операцијата против лидерот на ИСИС.

Министерството се сомнева и во самата можност Ал-Багдади да е во Идлиб, бидејќи областа е под контрола на разгранокот на Ал каеда, Џабат ал-Нусра, кои отсекогаш ѝ биле смртни непријатели на Исламска држава.

Москва истакна дека Исламска држава била уништена во Сирија во почетокот 2018 година во заеднички напор на владата во Дамаск и руските сили, што значи дека овој, уште еден во низата извештаи за смртта на Ал-Багдади, „никако не влијае врз состојбата во Сирија, ниту врз дејствата на преостанатите терористи во Идлиб“.

Францускиот министер за одбрана, Флоренс Парли, исто така го доведе во прашање значењето на американското достигнување, посочувајќи дека рацијата означува „прерано пензионирање на еден терорист (ал-Багдади), но не и за неговата организација“.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе