Русија се согласи да го замрзне нуклеарниот арсенал заради продолжување на договорот со САД

Руското министерство за надворешни работи соопшти денес дека е подготвено да го замрзне својот нуклеарен арсенал со цел да го продолжи договорот за нуклеарно разоружување Нов СТАРТ, под услов САД да не постават никакви други барања.

EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN AFFAIRS MINISTRY

„Русија предлага продолжување на договорот Нов СТАРТ за уште една година и е подготвена политички да се обврзе дека ќе „замрзне“ количина на нуклеарни боеви глави што страните ги имале во текот на овој период“, се вели во соопштението на министерството.

„Ова може да се спроведе строго и исклучиво ако има разбирање дека „замрзнувањето“ на боевите глави нема да биде придружено со дополнителни барања од Соединетите Држави“, се додава.

Портпаролката на американскиот Стејт департмент Морган Ортагус рече дека САД „ја ценат подготвеноста на Русија да постигне договор во однос на контролата на нуклеарното оружје“.

Договорот за нуклеарно разоружување треба да истече на 5 февруари и се работи за последниот преостанат договор за контрола на оружјето помеѓу САД и Русија, пишува Си-ен-ен.

Пред помалку од една недела, САД ја одбија понудата на рускиот претседател Владимир Путин за безусловно продолжување на руско-американскиот договор Нов СТАРТ за нуклеарно разоружување за уште една година.

„Предлагам безусловно продолжување на тековниот договор за најмалку една година за да можеме да преговараме за сите параметри“, рече Владимир Путин на тогашниот состанок на Советот за безбедност.

Договорот Нов СТАРТ (Договор за намалување на стратешкото вооружување) потпишан во 2010 година го ограничува бројот на стратешки нуклеарни боеви глави, ракети и бомбардери што Русија и САД можат да ги распоредат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN AFFAIRS MINISTRY

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе