Во ООН

Русија се скара со Европејците поради извештај за сириски напади со хемиско оружје

Во ООН се одржа седница на Советот за безбедност, за време на која Русија, близок сојузник на Сирија, се судри со членките на ЕУ.

Дебатата избувнала околу извештајот на една организација во која Сирија се обвинува за напад со сарин и хлор во 2017 година.

Русија на затворената седница на Советот за безбедност на ООН овие тврдења ги нарекла неосновани, додека земјите од ЕУ барале одговорност за тој потег на сириската влада, пренесува АП.

Истражниот тим на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) во извештајот од 82 страници наведува дека сириските воздухопловни сили фрлиле бомби со хлор или сарин врз болница и отворено земјиште во Латамнех, при што се повредени 70 лица, а убиени најмалку три - хирург и уште двајца.

Кавгата меѓу Русија и Европејците се случила на месечниот состанок за сириското хемиско оружје. Русија, Германија, Британија и Естонија ги предале изјавите на своите амбасадори.

Рускиот амбасадор во ООН Василиј Небензја рекол дека хемиското оружје во Сирија е уништено, а дека експертите на ОПЦВ даваат неосновани обвинувања.

Портпаролот на ООН, Стивен Дижарик, рекол дека наодите на ОПЦВ се мошне вознемирувачки.

Сирија ги негираше обвинувањата.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе